29 Март, 2024
0.0259

Кучи: Со берза за енергија ќе се зголеми конкурентноста и транспарентноста

Објавено во: Економија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Разгледување на сите можни опции за формирање берза на енергија во земјава, е целта на работилницата на тема „Воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија“ што денеска се одржа во Скопје во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ТЕМА Консалтинг Груп.

Работилницата, која се одржува во рамки на проектот „Техничка помош за воспоставување институционална рамка за национална/регионална берза на електрична енергија“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка ја отвори министерот за економија Дритон Кучи кој порача дека темата е од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор во државата и додаде дека од работлиницата треба да произлезат најдобрите можни решенија за националниот енергетски пазар и пазарите во земјите на Југоисточна Европа.

– Еден од приоритетите на Владата е интегрирање на енергетскиот сектор на Република Македонија во регионалните и европскиот пазар на електрична енергија и природен гас со изградба на нови конекции и со усогласување на законодавството со постојната правна регулатива на Европската унија за енергија, животна средина и конкуренција. Берзата за енергија претставува современа јавна платформа, преку која се овозможува тргување со енергија, односно платформа за понуда и побарувачка на енергија. Нејзината главна цел е транспарентна купопродажба на енергија, поголема конкурентност на пазарот, при што се овозможува локалните и регионалните компании на ефикасен начин да тргуваат со електричната енергија, преку утврдување на доверлив и транспарентен индекс на цена на електричната енергија, рече Кучи.

Според министерот за економија, континуираните реформски чекори во енергетиката произлегуваат или се дел од пошироките политики и иницијативи, како што се Договорот за основање на Енергетска заедница, Иницијативата за Западен Балкан 6, согласно која Република Македонија пристапи кон потпишувањето на Меморандумот за разбирање на 6-те земји од Западен Балкан за развој на регионалниот пазар на електрична енергија и воспоставување рамка за идна соработка, како и Меморандумот за разбирање на земјите од Западен Балкан за спојување на пазарите.

Тој информираше дека во досегашната пракса, Македонија има воспоставено билатерални договори за купопродажба на електричната енергија, со кои се договараат потребните количини, прецизно дефинирани, согласно потребите и производите на учесниците на пазарот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи