Кучиња скитници нападнале човек во Ново Лисиче
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2018
Скопјанец пријавил дека вчера околу 11.30 часот го нападнале две кучиња скитници на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче.
Како што соопшти МВР, едно од кучињата го каснало човекот во задниот дел од левата нога при што му е нанесена видлива повреда со крвавење.
Повредениот на возраст од 63 години самиот отишол на Инфективната клиника каде му е укажана лекарска помош.