24 Април, 2024
0.0320

Редизајнирана Ford Kuga

Kuga – SUV против кој нема лек

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Редизајнот на втората генерација на Ford Kuga неoсетно ве освојува. Влегува под кожа со стамената става, управливост, напредната технологија и забава во возењето каква имавме во дводневното дружење со неа на патиштата низ Србија и Хрватска. 

Во согласност со актуелните движења на автомобилскиот пазар подновената Kuga, покрај трендовски редизајн на LED предните светла, доби и поголема и предна маска, а динамичната надворешност  е поткрепена со нов 1,5 – литарски турбо дизел мотор. Според истражувањата на аналитичарите продажбата на SUV моделите во изминатиот период е во постојан пораст, а тој тренд би требало да продолжи и во наредните години. 

Деновиве, од Ford бевме поканети на промоцијата на face-lift на компактниот SUV Kuga. Моделот со име што на овие простори има чудна асоцијација, сепак беше одлично прифатен од публиката.  Ford го погоди вкусот и потребите на купувачите и понуди одличен избор и сооднос на добиената вредност за дадените пари.

Веќе рековме дeка Kuga доби свеж атрактивен и атлетски изглед, но покрај  надворешност, освежен е и ентериерот.

Внатре сè е ергономски скоцкано, прецизно изработено и со употреба на квалитетни материјали. Сè е подредено кон уживање во комфорот на кабината и во возењето. Веднаш го забележувате 8 инчниот дисплеј, a мулти - медијалниот систем SYNC 3, помеѓу другото ви овозможува и гласовни команди. При развивањето на системот во Ford во предвид земале дури 22 илјади барања и предлози на корисниците. Сега, за разлика од претходно (обременет со мноштво прекинувачи и копчиња) системот делува поедноставно, почисто, по атрактивно и потполно ориентиран кон корисникот.

Како и повеќето нови модели, Ford Kuga е опремена со мноштво на системи што му помагаат на возачот во управувањето и паркирањето, како системот за автоматско паркирање, за детекција на возила во „мртов“ агол, унапреден систем за автоматско сопирање, за следење на линијата на возење, за читање на сообраќајни знаци ...Со доплата, може да ја добијат и опцијата - My key, наменета за грижливите родители кои имаат млади возачи ( можно е да се дефинираат и одредени поставки, односно ограничување на максималната брзина, на максималната гласност на музичката линија, a и кога сите патниците не се врзани со безбедносните ремени и да се оневозможи активирање на музичката линија!).

Сега збор – два и за измените под динамичната и атрактивна лимена прекривка.

Основниот дизел двигател сега е 1,5- TDCi со 120 KS, замена за постариот 2,0 TDCi од претходната изведба.

Купувачите на основната изведба добиваат само погон на предните тркала, додека посилните дизел изведби со 150 и 180 KS, доаѓаат со погон на сите четири тркала. Во однос на погонот придвижуван со бензинско гориво во понуда се: 1,5 литарскиот,  EcoBoost мотор, во неколку изведби на моќност: од 120 KS, oдносно,  150 KS и 180 KS.

Ние на тест го имавме бензинецот 1,5 EcoBoost со 180 КЅ  и автоматски менувач, со можност за рачно менување на брзини. Динамиката е тука иако големата моќ доаѓа со мала задршка. На асфалт е суверен a ST Line изведбата, со покруто и пониско потирање одлично се држи за асфалтот и низ свиоците. Вон терен 4х4 погонот добро функционира и ви овозможува помин и низ песок и кал.

Дизел изведбата со 180 КЅ беше без автомаатски менувач но големата моќ право времено ја испорачуваше и притоа беше штедлив. И двете верзии ни понудија забава во возењето низ речиси 400 km во Србија и Хрватска. 

За крај продажбата е најавена за крајот на тековната 2016, или за почеток на идната 2017 година, цените сè уште не се утврдени од страна на Ми Да Гранд Моторс, од Скопје,  овластениот импортер на програмата на возилата на Ford за Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава