Куќи на село за 2500 евра, но дали би отишле да живеете?
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2017
Додека едни заминуваат од село, за другите животот на село е благодет.
Селските куќи во Србија се продаваат за 2500, 8000 или 10.000 евра, а оние кои се луксузно уредени чинат и по 30.000 евра.
Додека за некои луѓе животот на село е нов почеток, во Крагуевац тоа е само желба.
За другите градот е подобра опција затоа има градинки, училишта, а на село не може да се почне без ништо и потребни се средства за купување на механизација за обработка на земја.
Во Шумадија многу куќи чекаат подобри времиња и нови газди.