20 Април, 2024
0.0287

Култура во инспекција на МРТ по одлуката за субвенции

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе има ли казни? Ќе понесе ли некој одговорност? Министерството за култура информира дека по добивањето на одлуките на МРТВ по објавен Конкурс според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, денес упатило инспекциски надзор. Овој надзор констатирал дека се длабоко пробиени роковите за носење на овие одлуки. Согласно на тоа, овие одлуки треба да бидат поништени…

Вчера Женски Магазин објави дека во првите денови од новата година, Македонската радиотелевизија (МРТ) го објави списокот со примени и одбиени композиции од последниот конкурс за музички субвенции. На фолк-интерпретаторот Али Бајрам и на поп-изведувачите Авни Аљији и Дарио Панковски државата ќе треба да им исплати по 9.000 евра за две песни кои ќе ги промовираат во наредниот период. Сите тројца се рангирани во категоријата „ѕвезди“ каде финансиската поддршка е најголема и изнесува 4.500 евра за еден рефрен (3.000 евра за звучно снимање на песната и 1.500 евра за спот).

За разлика од претходниот конкурс, жирито овојпат даде зелено светло и за две композиции со кои ќе се афирмираат семејните вредности во општеството. „Родно семе да остане“ и „Се враќам дома за Божик“ се насловите на нумерите со кои Кристијан Тасевски и Денис Димовски ќе лобираат за многудетни семејства. Народни пари се предвидени и за еден патриотски рефрен, темата „Оваа земја убава горда“ во изведба на Анета Василева. Само за овие наменски песни државата годишно исплаќа 60.000 евра.

Денес од страна на инспекцискиот надзор на Министерството за култура, раководството на МРТВ е предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки, со кои се создава штета по Буџетот и кои претставуваат злоупотреба и несовесно работење во службата. Исто така, раководството на МРТВ беше предупредено дека склучувањето на договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на законот и нови основи за кривична одговорност.

Целиот текст прочитајте го тука.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите