Куманово ќе гласа за најуспешната компанија
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2012
"Топ 101 компанија", кој опфаќа различни фирми, со акцент на производствени фирми, на каталог објави денеска општина Куманово. Целта на проектот е да се промовираат фирмите од Куманово на локалниот, македонскиот, но и на странскиот пазар.
- Фирмите кои се опфатени во каталогот мора да имаат најмалку десет вработени лица, да бидат извозно ориентирани и да се препознатливи на локалниот пазар", рече Зоран Павловски од секторот за администрирање на приходи и стратешко планирање при општина Куманово.
За најуспешната компанија граѓаните на Куманово ќе може да гласаат и на официјалната веб страна на општината Наградата за најуспешната фирма ќе ја додели градоначалникот на општина Куманово на манифестација која ќе се оджри кон крајот на декември.
За идната година, од секторот најавуваат дека ќе издадат нов каталот со поголем број на фирми.