25 Април, 2024
0.0273

Кумуцакос: Победата на СДСМ во првиот круг е можност за подобрување на односите меѓу Скопје и Атина

Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека победата на СДСМ во првиот круг од локалните избори е позитивен тек на настаните и можност за подобрување на односите меѓу Скопје и Атина. 

Вели дека ќе вложат напори да се реши спорот со името. 

„Самиот факт што националистот Никола Груевски загуби на локалните избори, е позитивен тек на развојот на настаните. Сега во Скопје имаме многу посигурни и попродуктивни соговорници во однос на прашањето за името“ – истакна Кумуцакос. 

Кумуцакос изразува задоволство од подобрување на атмосферата со Македонија за решавање на спорот за името и истакнува дека Грција ќе стори сè што е потребно за да се реши спорот, со што ќе се отвори евроатлантската перспектива за земјава.

За посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Вашингтон, Кумуцакос вели дека очекува конкретни резултати за одредени прашања важни за Грција.

Според него, тоа е златна шанса за Грција, која, да обезбеди позитивна позиција од САД, не само за спорот со Македонија, туку и за односите со Турција, кипарското прашање и за други прашања што се од национален интерес.

Ципрас денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)