28 Март, 2024
0.0424

Кунико му одговори на Костов: Фени има сопственик кој одлучува, а не банките

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Од групацијата Кунико која и натаму е ефективен сопственик на ФЕНИ му одговорија на Хари Костов, директорот на Комерцијална Банка, еден од најголемите доверители, за постигнатиот договор кој банките не го проследија и започнаа стечајна постапка за долгот од 60 милиони евра од кои 40 милиони евра им припаѓаат на трите банки кои издавале кредити.

„Во целост се согласуваме со констатацијата на г-динот Хари Костов, за потребните 20 милиони евра за рестартирање на Фени Индустри. Единствено што недостасува во неговата изјава е дали тие 20 милиони треба да бидат дадени на банките или на вработените, транспортерите и сите други доверители. Најпрво да го потсетиме дека Фени Индустри сеуште има сопственик (а не банките) кој диктира кој и на кого што ќе продава, и само тој сопственик може да одлучува што ќе прави со компанијата. Фени Индустри нема никава потреба од стечај, напротив компанијата е доведена во состојба на намалена задолженост констатирана од сите институции и финансиски показатели. Дури и сите лоши побарувања се избришани согласно законската регулатива во РМ. Само во последните две и пол години има исплатено над 40 милиони евра кон банките“ тврди Кунико.

Банкарот Костов на брифингот жестоко и на подбивен одговори на прашањата дали банките со оглед на висината на долгот би се согласиле со отпишување на дел од средствата кон потенцијалниот инвеститор во замена за удел во сопственичката структура и дали постојат други интереси во целиот случај на преземање на ФЕНИ. 

Прашањата се сосема легитимни бидејќи банките тврдат дека во текот на предстечајната постапка тие ги презеле сите обврски на ФЕНИ вклучувајќи и снабдување со струја за да не згаснат печките што комбинатот би го чинеле дополнителни 10 милиони евра и едногодишна пауза во работењето, а во последните две недели вложиле дополнителни 250 илјади евра за одржување. 

Затоа од Кунико велат дека Фени Индустри има сопственици, а тоа не се банките, кои обезбедија инвеститор, кој е спремен да ги инвестира бараните средства (од г-динот Хари Костов), но не во банките туку во производниот процес, вработените, и останатите доверители, да обезбеди поевтина електрична енергија, и да ги сервисира сите долгови кон останатите доверители, пред се компаниите и вработените кои живеат во Кавадарци и околината од разни услуги кон Фени.

„Да го потсетиме г-динот Хари Костов дека записниците и кореспонденцијата со банките за репрограмирање на долговите е заедничка и дека постигнатите договори не се испочитувани од банките. Самото покренување на блокадата на Фени Индустри, во синхронизирана акција на трите банки за помалку од 24 часа (и покрај постигнатите договори) наведува на нешто сосема друго, и поинаква намера на банките кои меѓу другото спаѓаат во групата на обезбедени доверители, заедно со уште една приватна компанија која е единствената обезбедена, и која во моментов го држи под залог повратот на ДДВ од кој може да се исплатат и платите и дел од побарувањата“ стои во одговорот на Кунико.

Од Кунико групацијата велат дека се незадоволни што Хари Костов одбрал да комуницира со нив преку судовите и медиумите и тврдат дека со сопирање на предстечајната постапка, инвеститорот ќе може да почне со рестартирање и сервисирање на своите обврски. Во моментов инвеститорот не може да ги уплати средствата за плати и оперативно работење на сметка на Фени Индустри затоа што сите би биле повлечени од банките.

Инаку од страна на трите банки продолжува држењето до позицијата дека Енекод не е вистински сопственик на ФЕНИ бидејќи тој договор не го виделе и не е валиден пред институциите како Централниот регистар, ниту пак дека нивниот бизнис план и подготвеност за почетно враќање на парите е издржан. Трите банки велат дека бугарски енекод и натаму може да достави квалитетна понуда и соодветна финансиска гаранција со цел да обезбеди целосно враќање на долговите кон сите доверители и одржливо работење на ФЕНИ.

Денес швајцарскиот инвестициски фонд ФОС прв направи увид во имотот на ФЕНИ во самата фабрика, а интерес за преземање има и кај уште две фирми, една со британски, а друга со француско-израелски капитал.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат