Купена грчката Алфа банка во соседна Србија
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2017
Алфа Банк АЕ објавила дека е постигнат договор со МК група за продажба на 100 отсто од акциите во акцискиот капитал на Алфа банка Србија а.д.
Од трансакцијата се очекува дека ќе има позитивно влијание на капиталот и ликвидноста на банката, и остварување на својот план на реструктуирање, се наведува во соопштението кое го пренесуваат грчките медиуми.
Се напоменува и дека завршетокот на трансакцијата ќе се изврши по добивањето на релевантни регулаторни одобренија.
Пред неколку денови пишувавме дека сите грчки банки во Србија се на продажба. Алфа банка беше дефинитивно пред крај.