18 Ноември, 2017
0.4581
    ALK 7409.18    0.11%     KMB 2701    -0.03%     MPT 27782.13    -0.78%     STB 934.8    0.37%     TEL 272    -2.82%     TPLF 1656.25    -2.52%

Купиле акции за 100 долари, сега не знаат што да прават со парите

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2017

Една од најголемите светски компании Амазон, слави две децении постоење, а оние кои на време инвестирале во неа, заработиле богатство.

Кога акциите на компанијата се понудени преку иницијална јавна понуда во 1997 година, вределе само 19 долари секоја.

Од тој скромен почеток, тој онлајн малопродажен гигант доживеал ѕвездени моменти, и покрај тешките епизоди. Оние кои вложиле 100 долари во Амазон, сега имаат акции вредни повеќе од 60 000 долари. Повеќе од добра инвестиција.

Во време на одбележување на дваесет години постоење, акцијата на Амазон вреди нешто помалку од 960 долари.

Јасно е дека се работи за навистина добра инвестиција за старите денови, со оглед на тоа дека вредноста на акциите се помножила скоро 500 пати.

Меѓутоа, зад овие пресметки не стои просто множење со оглед на тоа дека за 20 години Амазон повеќе пати прибегнуваше кон таканаречено разделување, кое го помножува бројот на акции и за точно толку им ја намалува цената. Пазарната капитализација во таа смисла не се менува, но се менува бројот на акции.

Во случајот на Амазон, после извршеното разделување, прилагодената цена на акциите од 23,5 долари паднала на 1,96 долари.

Целиот процес на разделување значи дека купување на една акција во 1997 година всушност значело посед на 12 акции помалку од три години подоцна.

Неверојатниот живот на Џеф Безос, вториот најбогат човек во светот и сопственик на Амазон: Од фирма во гаража стигна до компанија која вреди милијарди

Можеби ќе ве интересира

Сигурната плата ја заменила со бизнис од соништата

Сигурната плата ја заменила со бизнис од соништата

Завршен настан од твининг проектот на министерството за финансии

Завршен настан од твининг проектот на министерството за финансии

ШТО СМИСЛИ СЕГА СОРОС: Продава едни, купува други акции

ШТО СМИСЛИ СЕГА СОРОС: Продава едни, купува други акции

Соништата на Маск паднаа во вода: Белата куќа го блокира проектот на векот

Соништата на Маск паднаа во вода: Белата куќа го блокира проектот на векот

Зошто „ФЕНИ“ не е на листата на најголеми должници на УЈП објавена пред 5 дена?

Зошто „ФЕНИ“ не е на листата на најголеми должници на УЈП објавена пред 5 дена?

КУПУВАЈ ЕВТИНО, ПРОДАВАЈ СКАПО: Книговодител заработува милиони

КУПУВАЈ ЕВТИНО, ПРОДАВАЈ СКАПО: Книговодител заработува милиони

3 знаци дека всушност се плашите од успех

3 знаци дека всушност се плашите од успех

Зимбабве-земјата каде биткоинот вреди двојно повеќе

Зимбабве-земјата каде биткоинот вреди двојно повеќе

Aко почнувате бизнис со малку пари следете ги овие совети

Aко почнувате бизнис со малку пари следете ги овие совети