Квадрат чини 30 евра и на никој не му е грижа
Објавено во: Свет 24 Јули, 2017
За 30 евра во Германија може да се купи средно голем букет цвеќе, книга, или намирници за неколку дена.
Според истражување на весникот Finanztest, толку чини и квадрат станбена површина во најубавиот дел на Минхен.
За стан од 100 квадрати тоа значи кирија од 3000 евра месечно, без сметки.
Oва е екстремен пример затоа што се работи за најскапиот град во Германија, а станот е опремен и има добра положба.
Но, цените во Германија последните години се зголемија за 10 евра и тоа во градови како Келн, Штутгарт, Хамбург, Дизелдорф и други.
Оваа ситуација ги погодува граѓаните со ниски приходи.
До 2020 година за да се задоволат потребите ќе бидат изградени 272.000 станови.