26 Април, 2024
0.0266

Квалитетното грозје ќе го зајакне извозот на „Тиквеш“ на пазарите во светот

Објавено во: Мои пари 18 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Во насока на продолжување на добрите партнерски односи и континуирана соработка, винарската визба „Тиквеш“ ја заврши исплатата на целокупното откупено грозје од последната берба од 2012 година. Исплатата на сите индивидуални производители на грозје и правните лица  по основ на 2343 договори во вредност од околу 200 милиони денари е целосно заокружена. Околу 50% од вкупната вредност на откупеното грозје отпаѓа на индивидуални земјоделци - лозари, чии број изнесува 974 лозари. Вкупната количина на грозје која ја откупи ВВ „Тиквеш“ е повеќе од 16 милиони килограми, а меѓу откупените сорти од бербата 2012 година доминираа сортите вранец, смедеревка, шардоне, ризлинг, мерло, каберне совињон. Долгорочниот партнерски однос овозможува стабилно снабдување со високо квалитетно грозје кое е основа за создавање на врвни вина. Како извозно ориентирана компанија, „Тиквеш“ продолжува да ги зајакнува своите позиции на странските пазари и да освојува на нови. Големиот број награди што во континуитет ги добиваат вината на „Тиквеш“ се само потврда за високиот квалитет на вината. „Извозот останува наш врвен приоритет. Затоа од клучно значење е квалитетот на грозјето за да произведеме врвно вино кое ќе биде конкурентно на странските пазари. Во таа насока унапредувањето на партнерскиот однос и соработката со нашите партнери лозарите е од клучно значење. Ние се обидуваме низ еден континуиран процес да ги применуваме добрите пракси во процесот на одгледување на грозје и создавање на врвно вино“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“. Добрата соработка со лозарите кооперанти ќе продолжи и следната година. Согласно пријавата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ВВ „Тиквеш“ планира зголемување на откупените количина на грозје за бербата 2013 година, за повеќе од 50% во споредба со минатата година. Подобрувањето на квалитетот и заштита на лозовите насади е долгорочна цел на ВВ „Тиквеш“. За таа цел компанијата преку заедничка соработка редовно организира едукативни работилници за лозарите кооперанти. На работилниците се обработуваат суштинските прашања од областа на лозарството, во насока на континуирано следење и заштита на лозовите насади, насочување кон правилна употреба на агротехниката во лозарството и унапредување на квалитетот на грозјето, како и примената на новите трендови во винарството. Едукацијата на лозарите ја води агрономскиот тим на ВВ „Тиквеш“.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет