29 Март, 2024
0.0253

Квалитетот на државните институции ќе се подобрува со ИСО стандарди

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Сите министерства до крајот на оваа година треба да се сертифицираат со ИСО стандард, а останатите државни институции што за годинава не обезбедиле финансии за таа намена се должни да воведат  таков стандард до крајот на следната година.

Обврските за сертифицирањето на државните органи се предвидени со Предлог законот за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба,  што го усвои Владата  во вторникот.

- Воведувањето на системот за управување со квалитет на услугите треба  да обебзеди високо ниво на задоволство на корисниците на услугите на државната служба преку достигнување или надминување на очекувањата на корисниците, рече денеска на прес-конференција  министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

За да се подобри управувањето со квалитетот во работењето и давањето услуги се воведува најмалку основниот стандард ИСО 9001, а зависно од  надлежностите на органите може да се воведат и други типови ИСО или македонски стандарди кои ќе го надополнуваат основниот стандард. За подобрување на управувањето со квалитетот во работењето и давањето услуги во државните органи се воведува заедничка рамка на проценка преку вклучување на вработените и самооценка, врз основа на насоки и упаттства изготвени од МИОА.

Со ИСО стандардизацијата, појасни министерот, се поставуваат протоколи на  активностите во државните органи.  - Работните задачи на вработените во  државната администрација ќе бидат проследени со процедури, кои по сертифицирањето ќе бидат набљудувани од сертификациски тела.

Предлог законот предвидува сертификациското тело кое ќе врши сертификација на државните институции  да мора да се акредитира  во Институтот за акредитација, согласно прописите за акредитација.

Доколку одредена институција не ги воведе потребните стандарди законот предвидува глоба од 1.500 до 8.000 евра за функционерот кој раководи со неа. Глоба од 750 до 4.000 евра ќе му се изрече на координаторот на сертификацијата ако не преземе активности за воведување на стандардите.

Во просек за еден државен орган со околу 120 вработени и 12 сектори воведувањето на стандардот и сертификацијата би чинела 550 милиони денари. Доколку се сертифицираат сите 335 буџетски корисници и 85 општини, оваа постапка би имала финансиски импликации од околу 231 милион денари.

Предлог законот е  изготвен по иницијатива на консултантот за  примена на ИСО стандарди Богољуб Ангелковски, што ја претставил  на манифестацијата Отворените денови на Владата.

Според Ангелковски, иницијативата е резултат на неговата желба да се подобри квалитетот во управувањето и услугите за граѓаните. Неговото 25 годишно икуство во областа покажало дека одржувањето на стандардите по нивното воведување е потежок процес, но оти со постојаност и надзор даваа резултати.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија