20 Април, 2024
0.0275

Започнува 2 сезона на „Арена“

Квизот „Арена“ со Димитар Атанасовски добива нова димензија на забава и возбуда

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Од оваа недела, петти февруари, започнува втората сезона на популарниот квиз „Арена“. Овој квиз започна минатата година со формат во македонска продукција, предводен од Димитар Атанасовски, а емитуван на Алфа Телевизија, привлече огромен број гледачи. За возбудата да биде уште поголема во новата сезона, „Арена“ вклучува иновативни методи и нови игри за уште поголем предизвик за натпреварувачите.


„Првиот пат кога стапнав зад пултот како водител на квизот „Арена“ бев воодушевен од упорноста на натпреварувачите. Квизот беше нешто ново и неиспробано и тоа ме привлече да станам негов водител. Водејќи се од истата премиса, Алфа Телевизија повторно воведува иновација и нови игри што ќе го направат квизот уште повозбудлив, поинтересен и позабавен. Минатата сезона во секоја емисија имавме по 4 натпреварувачи и во текот на сезоната поминаа вкупно 64 учесници кои добија примамливи парични награди. Ме радува и фактот што знаењето, одлучноста и храброста на учесниците се проверува надвор од самата „Арена“, на малите екрани, од страна на гледачите и публиката. Моментот кога победникот игра против еден случајно избран натпреварувач од публиката кој се бори да му ги земе сите поени оваа година го исфрламе, поради вметнувањето на новите две игри, кој ќе внесат дополнителна возбуда во натпреварувањето.“ истакна Димитар Атанасовски, водител на квизот „Арена“ на Алфа Телевизија. Тој додаде дека уште првиот ден на снимањето бил убеден дека „Арена“ ќе донесе свежина во македонскиот етер поради забавниот и интересен карактер на квизот.


Новата сезона на квизот „Арена“ ќе биде освежена со нови и уште поинтересни содржини. Игрите кои ќе доведат до уште позабавни моменти се третата по ред игра „Биди детектив“ и шестата игра „Лицитација“. Во „Биди детектив“ Атанасовски ќе раскажува мистериозни ситуации и ќе го поставува клучното прашање за решавање на истите. Целта е да се реши мистеријата и тој што ќе го даде точниот одговор ќе добие најмногу поени. Играта „Лицитација“ е од покласичен карактер каде натпреварувачите ќе ги вложуваат своите поени за да добијат уште повеќе.

Терминот на квизот, си останува ист. Секоја недела во 21 часот на Алфа Телевизија.

На следниот линк може да се проследи најавата за 2та сезона на квизот „Арена“:


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга