19 Април, 2024
0.0253

Лашко станува дел од портфолиото на Пивара Скопје

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

На овој начин се проширува понудата на квалитетни пива на домашниот пазар, љубителите на пивото одново добиваат можност да уживаат во познатиот регионален пивски бренд, а Пивара Скопје ја потврдува својата лидерска позиција и посветеноста кон долгорочен развој 

Пивото со најдолга традиција и препознатливост на Балканот – Лашко Златорог - станува дел од широката палета на пивски брендови на Пивара Скопје.

Лашко е легендарно пиво со повеќе од 190 годишна историја кое потекнува од Словенија. Стартот на полнењето на Лашко во Пивара Скопје се случува по повеќемесечни подготовки и тестирања за да се обезбедат сите гаранции за квалитет и да се зачува автентичноста на пивото.

“Горд сум што како Пивара Скопје сме единствените лиценцирани во Хајнекен групацијата за производство и полнење на Лашко надвор од Словенија. Тоа е уште една значајна потврда за стручноста и големото знаење на нашите пивски мајстори, за високите технолошки стандарди и квалитетот на нашите производи“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, нагласувајќи дека „Со сите досегашни вложувања во производството на пиво, на кои се додавааат и овие најновите во производството на Лашко, Пивара Скопје ја потврдува својата долгорочна стратегија за натамошен развој на домашната пивска култура, на индустријата, како и на македонската економија во целина“.

Лешко е најсилен регионален пивски бренд. Квалитетните и природни состојки од кое се произведува му даваат на пивото специфичен вкус, добра избалансирана горчина и лесна пивливост. Тоа се дел од уникатнитекарактеристики по кои ова пиво е добро познато и на македонскиот пазар и според кои е прифатено особено од консументите со истенчен вкус кои преферираат пива со долга традиција и докажан квалитет.

„Пивара Скопје има навистина богато пивско портфолио. Покрај Скопско, како пивска икона во Македонија, Хајнекен како најмоќниот глобален пивски бренд, Амстел како едно од најпрепознатливите пива во светот и Горско како едно од најдостапните пива на домашниот пазар, во нашата понуда го додаваме и Лашко, како најсилен регионален бренд, направен според традиционален рецепт и докажан квалитет. На ваков начин, одново го потврдуваме нашето лидерство и огромна посветеност кон задоволување на различните вкусови на љубителите на пивото во Македонија, нудејќи им повеќе можности за задоволство“, великомерцијалниот директор на Пивара Скопје,Родерик Росенбаум.

Благодарение на развиената дистрибутивна мрежа на Пивара Скопје, Лашко ќе биде лесно достапно до сите консументи и тоа во стаклена амбалажа од 0,33л и 0,5л, во лименка од 0,5л. иво пластична амбалажа од 1,5л.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година