Ласовска обвини дека СДСМ сака да спречи дискусија за Тиранската платформа
Објавено во: Македонија 11 Април, 2017
Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието изјави дека единствената причина што СДСМ ги злоупотребува процедуралните забелешки е да спречи било каква дискусија за Тиранската платформа.
„На јавноста и е многу совршено јасно зошто го правите ова. Ова го правите од причини што не сакате воопшто да се дискутира за Тиранската платформа. Таа е единствениот услов за формирање на владино мнозинство. Ова не е моја изјава. Ова е изјава на челниците на сите пратеници од албанскиот блок“ - рече Ласовска.
Пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев, порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во опозиција, а оние кои направиле криминал ќе одговараат.
Денеска е 11-то продолжение на конститутивната седница.