25 Април, 2024
0.0271

Лазаров од септември отвора ракометни школи низ Македонија

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

По успешниот проект на капитенот Кирил Лазаров со ракометниот камп на денешната прес-конференција тој и агенцијата КМГ Спорт го обелоденија почетокот на работа на ракометни школи низ целата земја. До сега функционираат седум ракометни школи во Валандово, Струга, Охрид, Свети Николе, Скопје, Богданци и Стојаково, а понатаму ќе бидат отворени повеќе.

„Срамежливо почнавме и со ракометниот камп, но имавме јасна цел нашите деца правилно да се развиваат. Како поминуваше времето така ни доаѓаа идеите како на мене така и на моите соработници. Од таму верувам дека оваа идеја ќе се оствари, знам дека нема да биде лесно, одговорноста е преголема, како за кампот така и за овој нов проект кој планираме да го направиме. Ќе пробаме ќе бидеме трпеливи, нема да ветуваме многу. Ќе работиме за доброто на македонскиот спорт и ракомет, ќе направиме добар стручен кадар, тоа е најпотребно за овие деца.“

На денешната прес-конференција која се одржа на последниот ден од кампот во Охрид во хотелот Аквалина, беа ребрендирани досегашните седум ракометни школи. Истите ќе го носат брендот „Кирил Лазаров 7“.


Да им овозможиме на овие деца не само седум дена туку да работат низ текот на целата година. За сега се отворени седум школи низ државата, ќе се обидеме да се организирарме добро и што е најбитно да бидеме препознатливи во нашата работа. За сега ќе започнеме со запишување на дечињата а подоцна и со нивна селекција, да имаме пионерски, кадетски и младински селекции. Не сакаме да се споредуваме со никого, отворени сме за соработка со сите ракометни школи во Македонија, нашата цел е да произведеме врвни ракометари, идни репрезентативци “ изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров

Капитенот на денешната прес-конференција го изрази своето задоволство за успешното реализирање на третиот ракометен камп, потенцирајќи дека сериозноста и професионалноста  на овој проект ќе се преслика во ракометните школи.

Преку новите ракометните школи „Кирил Лазаров 7“ до нови репрезентативци.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет