25 Април, 2024
0.0263

Лажен мед се продава низ Македонија

Објавено во: Агробизнис 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Гликозен или пченкарен сируп, а не мед се продава на патните правци Кичево – Охрид и Росоман – Прилеп, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив вакви малверзации со квалитетот на медот се утврдени и кај дел од продавачите на зелените пазари низ Македонија. Сомнителните количини се запленети и уништени. Засега казните за физичките лица се 500 евра, но се размислува за нивно зголемување.

Медот од малопродажбата ги исполнува пропишаните услови за квалитет, но сепак ќе следат засилени контроли и евентуално изготвување правилник за продажба на медот по пазарите. Секоја количина наменета за продажба ќе мора да има декларација со јасно наведено потекло, производител и содржина“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Деан Рунтевски.

Согласно пописот спроведен годинава, во Македонија има вкупно 3.500 одгледувалишта за пчели и 155.000 пчелни семејства. Вкупната продукција на мед годишно изнесува околу 2.000 тони. Од нив 60 отсто се продаваат преку официјални канали, односно преку седумте регистрирани откупни капацитети, додека останатите 40 проценти преку пазарите. Македонија увезува мед од Кина или Србија, но во занемарливи количини, а извозот во просек достигнува 140 тони, количини кои главно се пласираат во регионот, БиХ, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади