Ле Пен: Европската унија умира
Објавено во: Свет 27 Март, 2017
Европската унија е загрозенa од претстојното исчезнување, смета францускиот кандидат за претседател Марин Ле Пен, пишува Reuters.
„Европската унија ќе умре, бидејќи луѓето не го сакаат повеќе нејзиното постоење. Амбициозните и хегемони империи се осудени на уништување,“ - рече Ле Пен за време на состанокот со своите приврзаници.
Кандидатот за претседател во Франција е уверендека „дојде време да победат глобалистите“. Во исто време Ле Пен додаде дека би сакала да ја замени ЕУ со „другата Европа“, која се нарекува „Европа за луѓето“, основана на слободна соработка меѓу земјите.
Ле Пен многупати изјавуваал дека се надева на балансирање на односите на Франција со Русија и САД.