Ле Пен ги повика Французите да купуваат француски производи
Објавено во: Свет 25 Април, 2017
Kандидатката на крајната десница за претседател на Франција, Марин Ле Пен повика да се произведува и конзумира француска храна, пренесоа американските медиуми.
Ле Пен денеска посети фабрика за храна кај Париз и изјави дека француската влада треба да го поттикнува производството и потрошувачката на француско месо.
„Да го охрабриме јадењето на она што е француско, особено во училишните кантини, каде нашите деца треба да можат да консумираат здрави, квалитетни производи"- рече таа.
Таа беше исвиркана од некои работници кај штандовите за овошје и зеленчук.