19 Април, 2024
0.0266

Легални ли се предлог-одлуките за новото собрание на „Скопски пазар“?

Објавено во: Економија 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Управниот одбор предлага акционерите да отповикаат одлуки од акционерско собрание од април лани за кое судот води процес по тужба од акционер, а за кое судот издаде времена мерка за суспензија врз примена на тие одлуки. Легално ли е тоа?

Управниот одбор на „Скопски пазар“ предлага дневен ред на претстојното акционерско собрание на кој ќе се најдат точки со предлози за отповикување на одлуки за кои веќе постои времена мерка забрана за спроведување на тие одлуки донесена од скопскиот Основен суд 2 по жалба од најголемиот поединечен акционер „Современ дом Прилеп“. Дали се овие предлози легални и дали смеат да се стават на дневен ред на престојното акционерско собрание? Особено затоа што станува збор за тоа што се отповикуваат точки, а се доставуваат нови предлози со исти содржини? Дали со овој случај се прави преседан во акционерската пракса со кој доколку акционери донесат одлука и згрешат може да да ја отповикаат и со тоа да ја суспендираат работата на надлежниот суд? И дали во овој случај предлагачите можат да ја суспендираат судската одлука за времена мерка? 
„Фактор“ со цел на објективно и навремено информирање на јавноста побара одговор од раководството на „Скопски пазар“ односно од членовите на Управниот одбор како предлагачи на точките на претстојното акционерско собрание. Доколку го добиеме во целост ќе го објавиме. Во крајна линија одговорите ќе ги добиеме со развојот на настаните на претстојното акционерско собрание  закажано за 3 мај годинава.

Што се содржи дневниот ред на претстојното собрание?

Од увидот во дневниот ред може да се забележи дека управниот одбор на „Скопски пазар“ предлага отповикување на 12 одлуки од акционерското собрание одржано на 24 април кое беше обжалено за нелегитимно затоа што беше свикано во рок што не е во согласност со Законот за трговски друштва. За ова собрание, како што погоре напишавме судскиот процес трае, а донесена е времена мерка со која времено е суспендирана примена на одлуките.
Меѓу одлуките чие отповикување се предлага се и следниве: отповикување на одлука за усвојување на годишната сметка за 2015 година, за усвојување на годишниот извештај за 2015 година, за усвојување на ревизорскиот извештај за 2015 година на ревизорската куќа „Гранд Тортон“.Потоа отповикување на одлука за распределба на добивка и употреба на чистата добивка, отповикување на одлуката за враќање на средства од  резерви за откуп на сопствени акции и резерви за вложување во инвестициски фондови во средства за акумулирана добивка, потоа отповикување на одлука за распределба на средства од оданочена акумулирана добивка, отповикување на одлука за одобрување на работа на управниот одбор (колективно и поединечно) исто како за членовите на надозрниот одбор (колективно и поединечно) при што се дадени и нови предлози на одлуки за одобрување на работењето и на два степени. Тука се уште и одлуките на отповикување на одлуките за купување на сопствени акции како и одлуката за отповикување на одлуката за исплата на дивиденда.

За потсетување на читателите Основниот суд 2 Скопје по тужба на акционер одлучи да стави времена мерка додека трае судскиот процес. Тужбата била поднесена затоа што акционерското собрание на предлог на управниот одбор било свикано спротивно на измените на Законот за трговски друштва и било свикано порано од предвидениот рок. Целиот текст со кој „Фактор“ го третираше овој случај може да го прочитате на следниот линк Основниот суд му забрани на „Скопски пазар“ да купува сопствени акции!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји