19 Април, 2024
0.0304

Лејт најт шоу – индустрија во САД!

Објавено во: Анализа 23 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Добар дел од вас веројатно ги знаaт Џеј Лено и Дејвид Летерман. Ова се водителите и авторите на двете најледани ток шоуа во таканаречениот доцен прајм тајм  термин на американските телевизии во 23.35 часот, секој ден пет дена во неделата. Интересно е што кога еднаш ќе станеш водител на ваков тип на емисија, многу тешко е да те сменат. Интересно е што пред некоја година терминот на Џеј Лено го доби Конан О Браен, но истиот му беше одземен по кратко време и Џеј лено повторно беше вратен таму од каде што си отиде. Овој период останата запаметен како војна на овие двајца водители за доцниот термин. Целата приказна заврши со тоа што Конан О Браен замена со огромна отштета од неколку десетици милиони долари и по некое време се врати со шоуто наречено Конан на кабловската мрежа TBS. Инаку интересно е што овие емисии немаат некои големи рејтинзи, но сепак ни гледа платежна публика која може да си ги дозволи производите кои таму се рекламираат. Ваквите типови на емисии се таргет за огласувачите поради тоа што ги гледа софистицирана публика во демографијата од 18-49 години, што би рекло млади ситуирани луѓе кои уште многу долги години ќе го акумулираат своето богатство. Токму поради тоа водителите на ваквите типови на емисии се исклучително многу платени, па така: Дејвид Летерман иако веќе 20 години е на телевизија со неговото Tonight Show, продолжува да привлекува таргетирана публика и поради тоа неговиот договор постојано расте и шпекулациите говорат дека последниот договор кој трае до 2014 година тежи неверојатни 28 милиони долари. Џеј Лено е нормално  втор на оваа листа. Постојано се најавува негово заминување, но човекот никако да си отиде. Веројатно тоа е поради годишниот чек од 25 милиони долари кој го добива од неговата телевизија Овие двајца повеќе од 20 години владеат со Тв просторот во доцните термини. Но телевизијата во САД не завршува со нив, па така и после 24 часот продолжуваат сличните типови на емисии. Џими Кимел и Џими Фалон се двајцата водите кои се очекува со текот на времето да станат главните ѕвезди на полето на ток шоу индустријата. Едниот од нив феноменалниот Џими Кимел, веќе има период на емистување сличен на оној со Лено и Летермен, додека Џими Фалон е најавуван како замена за Лено. И за крај повторно да се вратиме на рејтинзите и на огласувачите. Мерените рејтинзи на ваквите типови на емисии се помеѓу 1 и 3%. Сепак постојано привлекуваат маса на огласувачи. Всушнот поучени од ова искуство можеби и нашите огласувачи треба да размислуваат дали треба да ги насочат своите маркетинг средства кон таргетирани потрошувачи или да ги пуштаат во турските серии кои имаат рејтинзи и по 30%, но веројатно имаат и дискутабилен ефект за поврат на вложените маркетинг средства. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!