28 Март, 2024
0.0270

ЛЕКАР СПОИЛ РАБОТА И СТРАСТ: Еве како патува до работното место

Објавено во: Стил 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Роберто Анфосо(63) е лекар од Италија кој веќе 10 години работи во Пиемонт, каде стигнува јавајќи на коњ. 

Неговите пациенти се стари луѓе, а повеќето од нив имаат над 70 години, па дури се сретнуваат и стогодишници. 

Во Вердун, место познато по вино и лешници стигнува на коњ. 

„Секоја недела јавам од 80 до 100 км. Првите 3 години имав 1000 посети, но сега веќе престанав да бројам“ - вели тој. 

Додека рекреативно јавал коњ, дознал дека е потребен на некој пациент, и решил да ја спои работата и страста. 

Лекарот вели дека на почетокот на луѓето им било чудно, но сега веќе се навикнати дека тој оди во посета на пациентите со коњ. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи