22 Ноември, 2017
0.6470
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

Лекарска фела против измени на законот за пушење, угостителите чекаат предлог

Објавено во: Анализа 31 Октомври, 2017

Најавите дека ќе се работи на нов закон за пушење цигари на јавни места и простории како и измени на законот за заштита од пушењето предизивикаа огромни полемики кај граѓаните. Дел од нив веќе на социјалните мрежи се потпишуваат на неформални оналјн петиции дека се против било какви измени, а други пак велат дека во период на општествена криза владата мора посериозно да се занимава со решавање на итните проблеми, а не да дава популистички најави во полза на пушачите. 

Засега конкретно правно решение нема освен можноста за либерализација на законот за пушење. Против ваквата идеја целосно ќе застане лекарската фела, особено Центарот за јавно здравје Скопје.

„Не е прашање дали ние докторите сме против измени на законот, самите факти се против било какви измени. Ните треба сите да ги воспитуваме од најмала возраст дека цигарите се штетни, а не да ги мотивираме. Исто така има многу истражувања и докази за штетните последици од пасивното пушење. Без оглед што секој има право да одбере дали ќе пуши цигари и ќе го доведува своето здравје во опасност тој нема право истиот ризик да им го нанесува и на тие што непушат. Државата исто така мора да мисли и за непушачите и нивното право на здрав живот за да не ги дискриминира бидејќи тоа е поважно личниот избор на пушење цигари“, вели прим д-р Весна Спирова од Центарот за јавно здравје одделение за социјална медицина.

Во дебатата сака да се вклучи и Здружението за угостителство и туризам кое чека конкретен предлог на законско решение за да даде свое мислење. но во принцип угостителите се за поголема либерализација на условите за пушење цигари со соодветни услови и правила.

„Постојниот Закон за заштита од пушење на јавни места е на сила од ноември 2008 година, што значи цели девет години е во примена. Законот предвидува целосна забрана за пушење на јавни места без при тоа да се остави можност угостителските објекти доколку имаат можности и исполнуваат услови кои би биле пропишани со закон, да определат просторија за пушачи проследено со дефинирани услови за вентилирање на просторот, како и исполнување на други норми и законски дефинирани обврски од аспект на лиценирање на таквите објекти и слично. 

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, ги следи најавите и иницијативите за промена на законското решение и либерализирање на пушењето во јавни простории што ги влучува и угостителските објекти. До овој момент нема објавен конкретен предлог кој би бил предмет на анализа пред Здружението и по кој би се отворила дискусија.

Бизнис секторот и во изминатиот период на повеќе пати јавно алармираше дека Законот за заштита од пушење не се почитува од сите правни субјекти кои работат во рамки на дејноста во Македонија и по тој основ укажувавме надлежните инспекциски органи и државните институции да спроведуваат контрола на примената на законската регулатива кај сите чинители во дејноста.

При промена на Законот за заштита од пушење треба да се имаат во предвид и компративните анализи од предметната регулатива во регионот како и во Европската унија, во согласност со потребата на наше хармонизирање со ЕУ регулативата. Имено, законските решенија во Унијата предвидуваат и под кои услови е дозволено пушење во делови од угостителските објекти, проследено со одредени дефинирани услови за вентилирање на просторот, како и исполнување на други норми и законски дефинирани обврски“, велат од Здружението на угостителството и туризмот.

Во собраниска процедура веќе влезе предлог за измени на постоечкиот закон со кој би се опфатиле само терасите. Токму од тој момент започна иницијалната каписла за законски измени иако подоцна владата не даде никакво мислење за овој предлот.

Со актуелниот предлог за измени и дополнувања на Законот за заштита од пушење се предлага само законско регулирање на пушењето на заградените тераси на угостителските објекти. Оваа пракса со години наназад и се применува односно се дозволува пушење и по тој основ Здружението на угостителството и туризмот при комората е на став дека на овој начин само ќе се намали притисокот и пресијата од инспекциски надзор односно од можностите за казнување, велат од здружението.

Доктор Спирова заклучува дека власта не треба да им се доодворува ниту на пушачите ниту на непушачите туку да ги земе во предвид сите обиди на програмите за одвикнување од цигари кои почнуваат да даваат резултати иако засега истите се минимални. Според неа барањето за заштита на непушачите не е прашање на елитизам или издвојување туку едноставно избегнување на еден ризик врз здравјето, и секако одредени решенија кои се применуваат подолго време да не се менуваат преку ноќ.

Во Македонија и натаму бројот на пушачи е огромен со што сме рекордери во Европа, а дистрибутерите на цигари годишно вртат стотина милиони евра. Секако, има и многу локали кои беа заштитени од власта и таму воопшто не се почитуваа законите, па затоа следните чекори на власта треба да бидат многу внимателни, како во делот на заштита на граѓаните од штетни последици, така и во делот за правични законски измени кои ќе донесат бенефит за сите.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?