29 Март, 2024
0.0266

Лекарска комора се разбуди - Се што било штетно ќе се ревидира

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лекарската комора на Република Македонија откако ја избра новата претседателка , Калина Гривчева – Старделова, се „разбуди“ и најави целосна финансиска ревизија на работењето во изминатиот период, промени во електронскиот систем „Мој термин“ и зголемување на платите на медицинските работници.

Гривчева – Старделова најави финансиска ревизија на тоа што и како е сработено досега, за на нивните колеги од Собрание да им презентираат што се случувало досега, што ќе се случува од сега. Таа рече дека сè што има во архивата, она што им е оставено да го сработат, било да се работи за пријава од доктор, пријава од пациент, многу внимателно ќе го разгледаат во рамките на нивните ингеренции според актуелните закони. 

Проектот „Мој термин“ кој беше ставен во преден план на досегашната власт како постер на успехот всушност треба да претрпи измени во насока на подобрување на давањето на здравствени услуги кон пациентите и на зачувувањето на достоинството на лекарите.

Новото раководство на Лекарската комора вети дека во првите шест месеци од своето работење ќе ги зголеми платите на лекарите во износ од две просечни плати за да се спречи заминувањето на младите лекари во странство. 

Денеска новозбраните претставници на Комората рекоа дека старото раководство им оставило речиси празна каса.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав