29 Март, 2024
0.0223

Лекарски егзодус: Шпанија ми го даде тоа, што во Македонија можев само да го сонувам!

Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Над 300 лекари од различни специјализации, меѓу кои најголем број се општи лекари ја напуштиле Македонија во изминатите година и пол, алармираат од здружението на приватни лекари. Претседателката на здружението Лили Чолакова Девишова затоа ги повикува надлежните веднаш да превземат мерки за да се спречи лекарскиот егзодус. По оваа најнова информација и претходниот повик на министерството, лекарите од странство да се вратат во Македонија, Фактор стапи во контакт со млад македонски лекар, кој 5 години работи во шпанскиот град Барселона, со кога дискутиравме дали тој би се вратил да работи во Македонија. Се работи за доктор 31 годишниот Скопјанец, Горан Анастасовски, кој во последните 3 години специјализира интерна медицина во регионалната општа болница Матаро (Consorci Sanitari del Maresme, Hospital de Mataró -  на фотографиите подолу). Фактор Зошто се решивте на одење во странство, дали мислите дека се исплати да го напуштите домашното здравство? Анастасовски Додека живеев во Скопје по завршувањето на студиите моите опции беа дали да седам дома или да земам приватна специјализација, која чини меѓу 8 и 10 илјади евра, а која ниту јас ниту моите родители можевме да ја покриеме. Секако постоеше опција и за волонтирање, но без никаков надоместок. Со оглед дека мојата сопруга е по потекло од Шпанија се решивме да заминеме таму, бидејќи постои можост да работам и паралелно да специјализирам, опција која ја нема во македонското здравство. Двата услова за да работам во Шпанија, беа тест за шпански јазик, и тест за медицинско знаење (MIR), критериуми кои се исти за сите без разлика на националноста. Од 13 илјади пријавени јас бев 4500 – ти, со што добив бесплатна државна специјализација по мој избор, а со тоа и вработување во времетраењето на истата. Фактор Што мислите за повикот на министерот Тодоров лекарите од странство да се вратат во Македонија? Анастасовски Судејќи по моето лично искуство и искуствата на моите колеги од Македонија можам да кажам дека барем од материјален аспект, реалноста е сосема различна од изјавата на министерот. Во државното здравство просечна месечна плата на лекар специјалист во Шпанија е четири – пет пати повисока од истиот специјалист во Македонија, и изнесува од 2000 до 2500 евра месечно. Дежурствата се исто така добро платени, по 400 евра просек за работен ден, додека животните трошоци пропорционално не се толку повисоки. Фактор Имате ли контакти со колегите од Македонија, на што се жалат најмногу? Анастасовски Контактирам често со колегите, основните поплаки се однесуваат на неможноста да се вработат и севкупната материјална состојба, која за жал не дозволува на многумина да се осамостојат барем до средината на третата декада од својот живот. Има и други поплаки, но би кажал дека главните проблеми се материјални. Фактор Има ли интерес од колегите да заминат во странство, ве прашуваат ли вас за тоа? Анастасовски Да има голем интерес за заминување во Западна Европа, но прашање е колку од тие што сакаат ќе успеат во намерата. Фактор Кога би можеле да издвоите, што би посочиле како главни проблеми во македонското здравство? Анастасовски Со оглед на тоа дека јас немам големо работно искуство во Македонија, не можам да дадам баш прецизен одговор, но секако егзестенцијалните проблеми на лекарите би биле една од главните точки. Исто така за да се запре одливот на лекари јас би препорачал, зголемување на бројот на државните вработувања според објективни критериуми, зголемување на можноста за добивање на бесплатни државни специјализации, зголемено вреднување на лекарскиот труд и зголемена заштита на лекарскиот интегритет. С.Р.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот