19 Април, 2024
0.0295

Лекции од Исланд за кризата: Пуштете ги банките да банкротираат!

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

„Ние дозволивме банките да банкротираат. Отсекогаш сум се прашувал зошто се однесуваме како банките да се свети крави на економијата? По што банки се издвојуваат од другите компании?“, вака претседателот на Исланд, Олафур Рагнар Гримсон го пренесува успешниот рецепт кој го примени оваа земја за излез од кризата. Исланд е една од ретките земји која за релативно кратко време успешно се опорави од глобалната финансиска криза од 2008 година, без помош од ММФ. Оваа држава стана симбол за отпор против глобалните економски кризи и глобалните методи за решавање на кризата, благодарение на владините одлуки, кои беа спротивни на барањата на ЕУ. „ Постојат две причини зошто Исланд се опоравува со растечка економија и опад на невработеноста. Како прво, ние на самиот почеток сфативме дека не се работи за финансиска или економска криза, туку за длабоко политичка, социјална, па може да се рече и правно системска криза. Затоа во секој од овие сектори спроведовме темелни реформи. Во останатите делови на Европа на кризата се гледаше исклучиво како економска криза. И второ, ние не се држевме не досегашните востановени рецепти за излез од криза“ вели Гримсон во интервју за Дојче Веле. Според него и банките се како сите други компании дали во секторот телекомуникации или пак транспорт, се приватни претпријатија и како такви прават грешки и затоа треба да се остават да одат во стечај. „Во спротивно на банките им се испраќа сигнал дека можат да прават што сакаат. Ако се успешни тие живеат како бубрег во лој, а ако не се успешни тогаш даночните обврзници треба да плаќаат за нивните грешки“ истакна исландскиот претседател и додаде дека Исланд не ги спроведе мерките за штедење на Европската унија за што беше силно критикувана од европските лидери. „Сега е јасно дека Исланд и без тоа за кратко време успеа да се опорави од кризата“ потенцира претседателот. Што преживеа Исланд И додека земјите кои пред неколку години влегоа во вртологот на глобалната финансиска криза, сеуште со тешки маки ги решаваат проблемите, изгледа дека на граѓаните од Исланд им тргна од рака. Како резултат на тешката финансиска и банкарска криза, Исланд пред неколку години се наоѓаше во тешка економска состојба, за многумина дури и потешка од Грција. Денеска Исланд со голема брзина патува кон целосно опоравување. „Донесовме мерки за контрола на прометот на капитал, бидејќи се грижиме за благосостојбата на нашиот систем. Решивме да не ги спроведуваме мерките за штедење на кои не принуди Европската унија. Исланд е исклучок. Ние сме мала земја која сама одлучува за својата валута бидејќи не е дел од ерозоната“ објаснува Гримсон. Според него, најважен факт во планот за опоравување на економијата бил девалвација на круната. „Важно за нас беше зачувување на богатство, како и можноста граѓаните да учествуваат во донесувањето на политичките реформи. Тоа придонесе банкрот на банките, мерка која не би можеле да ја донесеме ако бевме земја-членка на еврозоната“ објаснува претседателот. Исланд го направи она што европските нации во криза не можат да го направат, ја остави валутата слаба и предизвика инфлација, правејќи го својот извоз попримамлив а цените поатрактивни за туристите. Три години подоцна, стапката на невработеност опадна, туризмот процвета, а економијата почна да расте. Минатото лето, владата успеа за прв пат после кризата да собере пари од инвеститорите. Сега повеќето Исланѓани гледаат на кризата како животна лекција, велејќи дека порано живееле во несовесно изболиство. Некогаш моќните банкари ги нарекуваат "модерни финансиски Викинзи".

Можеби ќе ве интересира

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште