29 Март, 2024
0.0273

Лепачи, плукачи и работници

Објавено во: Колумни 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Ново-старо

Вчера имав некоја службена комуникација со вработен во едно наше министерство. Ми покажа колку многу е суетен, а колку малку е компетентен. Колку е сличен со оние од сектата, од која сега сите бегаат. Можеби не ме разбра, но јас него добро го разбрав. Разбрав колку е опасно да влеземе во очајна лепачко - плукачка варијанта.

Лепачи

Видовме и ептен се изнагледавме, како први и најголеми корисници на секташки услуги сите овие долги години, дефинитивно беа лепачите. Имавме и уште имаме на пример, директори кои почнале како лепачи. Се разликуваат по тоа што повеќето се лоши и забораваат на лепачкиот стаж, па со вработените се арогантни нелуѓе. Малкумина од нив се добродушни лепачи – послушници кои умираат од страв, но со колегите се обидуваат да останат колеги. Не им е лесно. Од една страна се продадено -купени, од друга, пливаат меѓу многу сеирџии кои силно посакуваат ропство, а као бараат слобода.

Плукачи

Видовме и гледаме и други корисници на партиски услуги. Плукачи. Ги имаше и ги има. Тие се таму кај што се, затоа што плукаат. Тоа ептен добро го прават, ама знаеме и сме почувствувале колку се навистина некомпетентни во тоа што треба да го работат, како заслуга за плукањето. Колку не знаат да соработуваат и колку знаат да се осветуваат. Колку не знаат да почитуваат, а знаат да бидат „победници“ над оние кои ги гледаат од своите „заработени“ позиции. И колку всушност не знаат да бидат работници, а знаат да се наметнуваат и да ни го трошат времето. Таков е оној „важен“ лик од почетоков на овој текст.

Едни-исти за исто

Навистина, ништо не е случајно, па не се случајни ни лепачите и плукачите. Имаат знак еднакво. Плукачи = Лепачи. Имаат и рокади во професионално-партискиот развој, минувајќи од една во друга форма. Шлајфуваат во секоја своја варијанта. Не сакаат промени, а лажат дека се борат за промени. Сакаат да биде исто. Сакаат патолошка хомеостаза. Тие се дел од нашето растење како Македонија, држава која треба да израсне во инклузивно граѓанско општество. Тие се гребатори, но најголем дел од граѓаните сонуваат за Македонија на работници и вистински реализатори.

Помислете на децата

Потребно ни е, конечно да излеземе од оваа развлечкана транзиција во транзиција. Со лепачи и плукачи, мора да завршиме. Премногу изгубивме и премногу вложивме. Не можеме да дозволиме во нашата татковинска приказна невоспитаните профитерчиња да имаат главни улоги. Редно е полека да почнеме да расчистуваме со нив. Да почнеме да градиме Нова Македонија и политичка култура.

Можеме ли?

Помислете на децата. Ако сте работник и не сте политикант, секогаш кога носите важни одлуки, помислете на децата во државава. Тие ни се најголем мотив за вистински промени и спас од веќе виденото. Ако не успееме, за тие да успеат нормално да живеат и работат, отидоа во некоја плукачко -лепачка варијанта, или во некоја Австралија, ама не на шетање. Затоа, ептен мора да можеме! Ова е шансата Македонија полека да почне да функционира, без лепачи и плукачи по нарачка и умисла. Нема да биде наеднаш, но насекаде има луѓе работници. Работејќи ја својата работа, можат да работат и уште нешто – да им се спротивставуваат на истите, кои посакуваат исто.

Елизабета Петровиќ

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?