25 Април, 2024
0.0291

Лешници наводнува на далечина од 150 км, како?

Објавено во: Агробизнис 25 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Студентот и земјоделец Лазар Јовановиќ од Нови Сад, со свој колега измислил нов начин на наводнување по пат на СМС.

Иако живее во градот, тој успева да одгледува лешници во селото Мал Зворник.

Сепак еднаш неделно оди да види дали се е во ред, а онака за лешниците се грижи уред кој го активира со СМС.

„Пратив СМС на системот и тој реагираше во склад со содржината на пораката. Ги вклучи двата први вентили кои ќе ги наводнат и тоа ќе трае два часа“ - вели студентот.

Сензорите кои ги поставил му праќаат информации за влажноста на земјата. На цистерните има сезонори преку кои знае колку вода има.

„Постои можност на системот да му дадам наредба старт и полевање кое ќе трае 60 минути. Ако сакам да трае подолго на системот му праќам наредба 120 минути, одвоено заврши и се е во ред“ - рече Јовановиќ.

За одгледување лешници се решил затоа што не бараат многу труд, но бараат многу вода и тоа по 10 литри по стебло.

Направил систем за наводнување за да има род поголем за 30%.

Вели дека системот е првенствено за него, но многу луѓе покажале интерес.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади