24 Април, 2024
0.0278

„Левица“ игнорирана од опозицијата, на избори ќе оди сама

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Партијата „Левица“ на централен комитет донела одлука самостојно да настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември. 

Ова следи откако нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица.

„На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме одлука самостојно да настапуваме на изборите. Оваа одлука ја донесовме по игнорирањето на нашата иницијатива од опозициските партии за обединет настап на изборите на сите антирежимски партии, преку непартиски граѓански листи на кои ќе бидат кандидирани истакнати борци против режимот кои не се членови на партии“ – вели Савески.

Тој додава дека е особено загрижувачко тоа што речиси ни една опозициска политичка партија воопшто не дала одговор на нивната понудена иницијатива, а за одговор ги удостоиле само од Либерална партија и од ПЕИ, за кои иницијативата не била прифатлива.

Савески очекува по подолго време, граѓаните да имаат шанса да го тргнат режимот од власт и оваа шанса според него мора да се искористи. 


Можеби ќе ве интересира

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?