ЛЕЖАТ НА ПАРИ: Имаат најмногу злато, а Македонија е зад нив
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2017
На новиот попис кој го објави Советот за злато, Србија е на 63 место по златните резерви.
На прво место се САД со 8.133,5 тони, а зад нив е Германија со 3.377,9 тони злато.
На трето место е ММФ кој располага со 2.814,0 тони.
Во 10 најбогати земји влегуваат Италија, Франција, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија.
Ако се гледа Балканот, Србија е прва со 18,8 тони, а зад неа е Македонија која е на 77 место и има 6.9 тони злато.
На 88 место е Словенија со 3.2 тони, зад неа е БиХ со 3 тони и таа е на 91 место.
На 98 место е Албанија со 1.6 тони злато, а 100 е Монголија со 1.5 тони. Хрватска и Црна Гора не се во првите 100 земји.