24 Април, 2024
0.0264

Не е лесно да си продавач на улично списание

„ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ ја одбележува меѓународната недела на продавачи на уличен печат

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Со поддршка на дел од писателите од „Или или“, силни гласови на современата македонска литература, Ирена Јорданова, Фросина Пармаковска и Петар Андоновски, продавачите на „Лице в лице“ денес на Градскиот плоштад „Македонија“ се вклучија во одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, што се прославува на глобално ниво во периодот од 6 до 12 февруари.

Македонија, преку „Лице в лице“, (чиј издавач е Асоцијацијата „Паблик“), како членка на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП), чие седиште е во Глазгов, годинава по петти пат се приклучува кон одбележувањето на оваа значајна Недела. Во друштво на уште други 35 земји ширум светот, каде што се продаваат 110 улични улични весници и списанија, оваа Недела ја слави работата и ги прави повидливи продавачите на уличен печат, луѓе кои се борат со бездомништво, невработеност, сиромаштија и социјална исклученост.

- Се уверивме и лично, дека не е ниту лесно, ниту едноставно да се продава улично списание. Продавачите имаат навистина тешка задача во обезбедувањето на својот приход, и заслужуваат признанија за она што го работат -  велат писателите-поддржувачи, кои во чекор ги следеа нашите продавачи Анабела, Пепи, Ерџан и Хари, во процесот на продажба на актуелното издание на списанието.

Во знак на поддршка, вратите за продавачите ги отворија и неколку општествено-одговорни компании, ( „Тутунска банка“, „Фармахем“ и „Елена Лука“), како дел од акцијата „Лице в лице на гости“. 

ИНСП брои дека, во секој момент има 10.000 продавачи на уличен печат во светот, а минатата година, повеќе од 27.000 луѓе заработиле продавајќи улични весници и списанија. Во овие бројки, „Лице в лице“ придонесува со 40 продавач(к)и во 6 градови градови во Македонија, од кои еден е вработен со полно работно време. Сите тие, продавајќи го списанието, не само што обезбедуваат приходи за себе и своите блиски, туку и се активно вклучени во општестевеното живеење.


Насловница на „Лице в лице“ на изложба во Глазгов

Во светски рамки, пак, по овој повод на 9 февруари, во галеријата „Лајтхаус, во Глазгов, ќе биде отворена изложбата „Незгрижени: сè уште бездомни, сè уште проблем“.
На поставката ќе бидат претставени насловни страници на улични списанија – членки на мрежата, а меѓу нив и насловницата на 19. број на „Лице в лице“, посветено на социјална правда. Освен насловници, на настанот ќе бидат споделени и приказни на продавачи на уличен печат, а целото случување ќе има и интерактивен карактер. Изложбата ќе трае до 9-ти април.

Меѓународната недела на продавачи на уличен печат се одбележува на сите страни на светот, и тоа најчесто преку вклучување на јавни личности, бизнис и политички лидери, познати филмски, музички и спортски ѕвезди, сите поддржувачи на мисијата на уличните списанија и весници.  

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот