29 Март, 2024
0.0249

Личниот телефон на Хитлер продаден на аукција

Објавено во: Стил 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Личниот телефон на Aдолф Хитлер е продаден на аукција за над 240.000 долари. 

Името на купувачот не е објавено официјално. 

Телефонот е продаден на аукција од аукциската куќа Alexander Historical Auctions во американскиот град Чесапијк, во државата Мериленд. 

Во износот влегува и таксата за аукциската куќа. Прогнозата беше дека телефонот ќе донесе помеѓу 200 и 300.000 долари. 

На телефон е изгравиран симболот на нацистичката партија, како и името на Хитлер. Телефонот е даден од руски офицери на британскиот офицер Ралф Рејнар за време на посетата во бункерот на Хитлер во Берлин. Британецот починал во 1977 година.