25 Април, 2024
0.0305

Ликвидноста на OКТА остана на стабилно ниво и дополнително ја зацврсти позицијата

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Финансиските резултати во првата половина од 2017 година бележат стабилна профитабилност, остварувајќи континуирано подобрување на обемот на продажба на домашниот пазар, што резултираше со постојан пораст на пазарниот удел, заедно со постигнатите оптимални органограмски активности. ОКТА уште еднаш се покажа како главен гарант за снабдување со гориво во земјата, успешно надминувајќи ги екстремните ситуации со кои се соочи во текот на првите месеци од 2017 година, и тоа во повеќе наврати.

Според тоа, прилагодената ЕБИТДА, како главен показател за оперативната профитабилност на компанијата, изнесува 244 милиони денари за првата половина од 2017 година, достигнувајќи еквивалентно ниво во споредба со истиот период минатата година и покрај продажбата на  Агенцијата за стоковни резерви на Република Македонија, која придонесе врз зголемувањето на прилагодената ЕБИТДА во првата половина од 2016 година до ниво од 249 милиони денари и малку повисоките оперативни трошоци. Стабилните приходи од продажба се зацврстија на позиција од 10.718 милиони денари, што е повисока во споредба со истиот период минатата година кога изнесуваше 8.074 милиони денари. Клучните двигатели за остварените резултати беа големиот обем на продажба на домашниот пазар и подобрена ефикасност. Истовремено, во првата половина од 2017 година падот на меѓународните цени на горивото негативно влијаеше врз бруто маржата и добивката пред оданочување за 58,5 милиони денари.

Ликвидноста на компанијата остана на стабилно ниво и дополнително ја зацврсти позицијата на компанијата, така што овозможи покривање на потребите од обртен капитал како и буџетските капитални расходи. Исто така, ОКТА во јули 2017 година успеа да дистрибуира дивиденда вторпат по ред во својата постоење.

Преку својата стратегија за ООП, ОКТА продолжува да биде посветена на започнување активности кои создаваат широки социјални придобивки. Компанијата обезбеди значителна поддршка за реконструкција на нов дневен центар за деца со церебрална парализа. Често ја помага и организацијата на реномирани музички и културни настани.

Со напредокот на својата национална кампања за безбедност на патиштата „Јас Внимавам“, ОКТА им додели бројни награди на внимателните возачи и донираше едукативни сообраќајни полигони во многу училишта низ целата земја. Вложувајќи во напорите да ги задоволи потребите на своите клиенти, ОКТА продолжува со Програма Гаранција за да обезбеди најдобар квалитет на своите производи.

Дополнително, раководството на ОКТА внимателно ги следи предизвиците и состојбите и преку проактивно планирање, постојано има за цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со горива со највисок квалитет на локалните и соседните пазари, додека во исто време продолжува да ја движи компанијата напред преку искористување на можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка