25 Април, 2024
0.0293

Лимак започна со подготвителни градежни работи

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Мрежа од инфраструктурни текови, водоводни цевки и други инсталации,  кои му служат на градот се наоѓаат во внатрешноста на земјиштето во сопственост на Лимак Груп. Овие инфраструктурни инсталации треба да се релоцираат, возобноват и повторно стават во функција. Затоа, компанијата започна со подготвка на теренот помеѓу Музеј на град Скопје и Рамстор Мол.

Овие градежни зафати се вршат во целосна соработка и одобрување на  Градот Скопје, Општината Центар, институциите кои се надлежни за подземната инфраструктура, како и институциите за регулирање на привремениот режим на сообраќајот.

По завршување на овие подготвителни градежни работи, Лимак очекува дека сите дозволи за проектот ќе бидат комплетирани и многу наскоро ќе започне со изградба на подземна сообраќајница во централното градско подрачје на Скопје, а потоа и со планираниот мултифункционален комплекс.

Станува збор за тунел, модерна подземна сообраќајница , со двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри долж Јужен Булевар, и кој во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.  Овој проект кој е во согласност со деталниот урбанистички план на град Скопје, пред чие донесување беа извршени неколку месечни геомеханички испитувања на земјиштето, ќе биде од особено значење за централното градско подрачје.

Основана во 1976 година, Лимак е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам.

Како компанија која поставува силно посакувани, високи стандарди во овие области, Лимак  се најде на листата на 250 Топ градежни компании рамо до рамо со светски докажани градежни магнати, според  Engineering News-Record (ENR).

Турската компанија заврши импресивни и капитални инвестиции на Косово и Балканот за кои доби 4 престижни, интернационални награди за општествена одговорност и животна средина. 

Следен предизвик за особена гордост на Лимак е изградбата на елитен, станбен и деловен комплекс наменет засекогаш да го измени градскиот живот во центарот на Скопје.

Во Скопје ќе се гради атрактивен, мултифункционален комплекс лоциран зад Музеј на град Скопје, долж  просторот помеѓу булеварот Св.Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков.  Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот.Проектот вклучува четири 20 катници со резиденцијални апартмани, деловен простор, шопинг центар, хотел, ресторани, простор за културни настани, фитнес центар, паркинг и други функционални објекти.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет