Добивај вести на Viber
Социјалната мрежа Линкедин која главно е ориентирана кон бизнис клиентите, достигна бројка од 200 милиони корисници, а секоја секунда две лица отвараат налог на таа мрежа.
Во последниот извештај објавен на 1 ноември лани се наведува дека Линкедин имал 187 милиони членови и дека тој број лани растел по стапка од 10 до 15 милиони членови по квартал, пренесува порталот Машаби.
Оваа социјална мрежа, покрената уште во 2003 година ја надмина бројка од 100 милиони членови во 2011 година.