25 Април, 2024
0.0278

ЛИСТА: Најдобра и најлоша земја за живот се ...

Објавено во: Стил 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Индексот за социјален напредок за 2017 година покажа дека најдобра земја за живот е Данска, додека најнепогодна земја за живот е Централноафричката Република, пренесе Дејли меил.

Истражувањето опфатило 128 земји, а разгледани се околу 50 различни фактори, кои се поделени во три основни човечки потреби (здравствена заштита, хигиенски услови, безбедност), основна човечка благосостојба (образование, комуникација, околина, пристап до информации) и можности (човечки права, степен на слобода, и толеранција, пристап до повисоки нивоа на образование).

Кога се работи за континенти, најдобро поминала Европа во која 11 од 14 земји покажале многу висок социјален напредок. Зад неа следат Нов Зеланд, Австралија и Канада.

Сад покажале солиден напредок, во азиските земји се забележани скромни резултати, додека афричките земји котираат најниско на листата-шест од седум земји покажале „многу слаб напредок“.

Најголем пад од 2014 до 2017 година бележи Централноафричката Република и Конго а лоши вести стигнаа и за Унгарија и Никарагва.

Сепак, во Африка не е се така црно, па пофалбите ги собраа Того, Сиера Леон, Брегот на Слонова коска, Гана Нигерија.

Добри вести и за Непал, Бангладеш, Мјанмар и Киргистан, во кои е забележан голем напредок во последните три години.

Некои од проблематичните земји, како Венецуела, Ирак и Сирија оваа година не биле вклучени во истражувањето.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти