25 Април, 2024
0.0284

ЛИСТА ТОП ЗЕМЈИ: Овде е најдобро да се стартува бизнис

Објавено во: Финансии 30 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Земјите од Централна и Северна Европа се меѓу најдобрите за стартување на бизнис. Ова го покажува светската рејтинг листа на универзитетот Вартон (Wharton University) и истражувачката компанија „Ернест енд Јанг“ (Y & R).

Тие испитуваат 80 држави кои вкупно формираат 95% од глобалниот бруто домашен производ.

Крајниот резултат зема предвид повеќе фактори како развој на претприемништвото, квалитет на животот, отвореност за бизнис. Само во последниот критериум влегуваат подкритериуми како трошоци за производство, ниво на бирократија, даночна средина, транспарентност на практиките за управување и степен на коруптивните практики.

Видете кои се 10-те земји во светот каде најлесно може да се започне бизнис:

10. Холандија


Холандија е една од земјите со најдобар квалитет на живот во светот, со високи примања и оценета со нулта корупција.

9. Норвешка

Како повеќето скандинавски соседи, и Норвешка ги има едни од највисоките даночни нивоа во светот, со вкупна даночна тежина околу 40 до 45% од БДП, што ја прави една од просперитетните држави. И додека високите даночни нивоа не се поврзуваат со привлечност за бизнис, тогаш други фактори како транспарентност и недостаток на корупција ја поставуваат високо на листата.

8. Нов Зеланд

Нов Зеланд има многу силна туристичка индустрија и многу силен извозен пазар, особено во земјоделството. Таа е со високи перформанси за отвореност за бизнис, исто како Норвешка поради транспарентноста на управувањето и недостатокот на корупција.

7. Канада

Канада е единствената северноамериканска држава во листата. Со БДП по глава на жител 36 300 фунти, високо развиени технологии и индустрија, Канаѓаните уживаат висок квалитет на живот и квалификувана работна сила.

6. Шведска

Како Норвешка, така и Шведска се комбинира со слободен пазар, високи даноци и силна социјална држава. Таа е на високи позиции по транспарентно управување и недостаток на корупција.

5. Финска

Следејќи го истиот северен модел, Финска е број 1 во светот во индексот за транспарентност на управувањето, и тука нивоата на корупција се ниски.Седма е по квалитет на живот.

4. Данска

Уште една северноевропска држава на врвот на листата. Данска е со многу ниски нивоа на корупција, високи нивоа на транспарентност на управувањето и квалификувана работна сила. Просечниот БДП по глава на жител е 36 400 фунти (45 700 долари).

3. Швајцарија

Таа често се смета за едно од најдобрите места за живот и бизнис во светот. Постои многу конкурентна даночна средина, транспарент управување и ниска корупција. Во вкупниот индекс таа е број еден за живот во светот.

2. Луксембург

Малата европска држава често е опишувана како "даночен рај" поради огромните даночни стимуланси кои ги нуди. Така тоа им обезбедува на компаниите не само конкурентен даночен режим, но и предностите на високо развиена европска економија.

1. Панама

Исто позната е како „даночен рај“, Централноамериканската држава добива целосен збир поени за поволна даночна средина, но се истакнува дека нивоата на корупција тука се повисоки од било која друга држава во листата.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка