19 Април, 2024
0.0260

ЛИСТИТЕ СЕ ГОТВАТ: Кој ќе седне во директорските фотелји на ЕЛЕМ, Царина, ЈП Македонски шуми?

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Нов бран директорски смени ги очекува државните институции и претпријатија.

Медиумите веќе почнаа со калкулации кој каде ќе седне а брифирањата велат дека директорските фотељи се поделени во речиси сите битни претпријатија меѓу коалиционите партнери.

Според извори на ТВ 24 директорското место во Царинa оди кај СДСМ. На оваа позиција најсериозна опција e Игор Милев,  член на Државната изборна комисија, но сепак, за него се споменуваат и други позици, па неизвесно е за која од ќе падне конечната одлука...Милев во ДИК пак треба да го замени Викторија Аврамовска Медиќ која во моментот работи во Кабинетот на претседателот Иванов.

За прв човек на ЕЛЕМ, се уште е во игра е србинот Александар Обрадовиќ, но сепак оваа позција за него е неизвесна поради притисокот во јавноста каде тој се најде на удар заради начинот на кој раководел со српското електростопанство. За Обрадовиќ неодамна имаше процедура за издавање на македонско државјанство.

Директор на ЈП Македонски шуми ќе биде  Зоран Горгиев кој е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Кавадарци.

Нови веде директори денеска добија институциите каде што нема управни и надзорни одбори, односно веде директор на Драмски театар во Скопје е поставен актерот Сашо Тасевски, актерот Александар Велјановски е новиот веде на Народниот Театар во Велес, а Елеонора Новакоска веде на Завод за музеи во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?