24 Април, 2024
0.0258

ЛОЈАЛНИ ВРАБОТЕНИ: Како да го задржите работникот во вашата компанија подолго време?

Објавено во: Финансии 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Кога ќе ангажирате еден вработен, вие очигледно се надевате на тоа дека тие ќе останат за подолго време. Но, постојат начини да ги зголемите вашите шанси дека тие ќе останат. Присила Клемен, претседател на Career Strategies, фирма за кариерен менаџмент и тренинг, со седиште во Бостон, пишува во Harvard Business Review за тоа како да забележите "сериски скокачи на работа" (serial job hoppers.)

Проучете ја нивната биографија

Биографиите може да водат до погрешни заклучоци, затоа немојте веднаш да отфрлите кандидат кој имал три работни места во две години.

"Може да има добра причина. На пример, ако гледате во биографијата на некој штотуку дипломиран, тој можеби има направено почетничка грешка и ги навел сите негови пракси, заедно со неговата сегашна работа под "вработување". (Препорачувам наведување на праксата под "образование" или посебен "Пракса" дел)."

Светската финансиска криза ја погоди речиси секоја индустрија за период од речиси пет години. Кога ќе ја погледнете биографијата на кандидатите, не ги отфрлајте бидејќи тие имале четири работни места во исто толку години во овој период.

"Годините од 2007 до 2010 беа преполни со масовни отпуштања во финансискиот сектор, што предизвика повеќе отпуштања во секој дел од економијата - од градежни работници, педагози и полицајци до адвокати и медицински сестри. Кога ќе погледнете биографии на луѓе чии кратки престои паѓаат во тие години, погледнете во она кое тие го направиле за да ги обноват своите кариери, а не во празнините или повеќекратните работни места. Тоа е, како да се дознае од што се тие навистина направени."

Читајте помеѓу редовите во нивната историја на вработување за време на интервјуто. Клемен предлага да ги поставите овие две прашања за секое работно место кое кандидатот го имал: Зошто си отидовте и зошто ја прифативте следната работа? Потоа, завршете со прашување на кандидатот за неговата/нејзината моментална позиција и она што тој/таа го бара во следната своја работа.

Барајте обрасци на движење

Аспектот кој најмногу кажува за историјата на вработување на едно лице ќе биде нивниот однос, став кон поранешните шефови и компании. Клемен вели дека треба да обрнете внимание на шаблони.

"Дали е таа постојано негативна за местата каде работела? Или нејзините шефови? Или колеги? Дали таа постојано менува работни места во потрага по поголема плата? Или поголема одговорност? Кога веќе еднаш ги знаете причините на кандидатот за менувањето на работните места, прашањето што треба да си го поставите на самите себе е ‘Што тој образец на однесување значи за мене и мојот тим.'"

"Според мое мислење, образец на негативност или на жалење од шефовите, колегите или клиентите е секогаш црвено знаме, менувач на работа или не. Но, во случајот на лицето во потрага по поголема плата или одговорност, мојот одговор ќе зависи од работното  место за кое вработувате и она што компанијата може да го понуди. Ако вашата организација е во состојба да продолжи да го унапредува или наградува кандидатот, можеби сте го пронашле совршениот кандидат."

Побарајте разумна посветеност

Ако сè уште не можете да разберете дали тие се подготвени да се посветат на позицијата, побарајте од кандидатот да се посвети на работното место за разумен временски период. Клемен ова го објаснува со следниот пример:

"Вие сте еден од најдобрите кандидати за позицијата во мојот тим. Но, гледајќи во вашата работна историја, јас сум сеуште загрижен/а од бројот на работни места кој сте го имале во последните неколку години. Она што ние го бараме е некој кој може да направи ангажман од три години додека нашата организација прави големи промени во нашите производи и услуги. Дали мислите дека можете да се посветите на нашиот тим за тој временски период?"

За секој случај, веднаш после ова, Клемен го наведува и следново предупредување:

"Ако вие самите сте во потрага по друга работа, или вашиот тим или организација се соочува со голем број на промени, не се обидувајте со ова. Ќе заврши лошо."

Според Клеман, излегувањето мора да биде лично, да има разумен временски рок и да вклучува објаснување. Ако лицето се двоуми или колеба, дајте му еден ден да размисли и да ви одговори. Ако добиете брзо "да", можеби сте го пронашле одличниот вработен кој го барате.

Клемен го завршува својот текст пишувајќи дека со овие техники, покрај тоа што никогаш нема да имате проблеми со вработување на проблематични скокачи на работни места туку и:

"…ќе научите како да идентификувате големи вработувања што другите можат да ги отфрлат поради дупките или кратките престои во нивните биографии. На крајот на краиштата зарем да се биде успешен во бизнисот не значи токму тоа - гледање на бизнис можност која другите ја игнорираат?"

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА