ЛОЈАЛНОСТА СЕ ПЛАЌА ПОВЕЌЕ: Еве какви работници не одбива никој
Објавено во: Финансии 04 Мај, 2017
Работодавците бараат работници кои се лојални, кои веднаш ќе се прилагодат и нема својот придонес за компанијата да го мерат до ситници.
За работникот на прво место се работодавци кои негуваат добри меѓучовечки односи во компанијата.
Освен тоа, работникот ја цени и можноста за напредување, усовршување, а платата е на трето место.
Меѓу критериумите кои влијаат на атрактивноста на работодавецот е и тоа колку е сигурна работата, угледот, добриот третман.
Очекувањата за еден идеален работодавец се големи. За некои тоа е работодавец кој нуди баланс меѓу приватниот и професионалниот живот.
Од идеалниот работник се бара искреност, лојалност и морал.