25 Април, 2024
0.0274

Обновено: Изгаснат пожарот во Главната пошта, штетите допрва ќе се утврдуваат

Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

По повеќе часовна борба со огнената стихија, пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што избувна попладнево во 16.20 часот во дирекцијата на Македонски пошти во центарот на Скопје.

Според првичните информации опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот. Поради гушење едно лице е пренесено во скопската клиниката за хирушки болести , а според информации од клиниката станува збор за маж на околу 35 години кој е во стабилна здравствена состојба. Инаку според првичните информации, пожарот избувнал во салата каде што се наоѓаат серверите на Македонски пошти.  Како што изјави директорот на Македонски пошти Рафис Аљити, кој во моментот на избувнување на пожарот бил во зградата,  вработените веднаш биле евакуирани,а една службеничка била евакуирана преку прозорецот од третиот кат со помош на скали.

Очевидци тврдат дека пред избувнувањето на пожарот слушнале силна експлозија, а според првичните сознанија на полицијата пожарот најпрво избувнал на кровот од зградата.

Целиот простор околу Главната пошта беше блокиран за сообраќај, освен за противпожарните возила и возилата на Итната медицинска помош.

Материјалната штета допрва ќе се пресметува.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan