Лондон и Брисел остануваат поделени за граѓанските права
Објавено во: Свет 25 Јули, 2017
Британскиот министер за прашања за Брегзит Дејвид Дејвис изјави дека има "морален императив" за постигнување на брзо договор за правата на европските граѓани што живеат во Велика Британија, пренесува BBC. Тој додаде дека Лондон ја сфаќа многу сериозно потребата да се стави крај на срамот и несигурноста.
Дејвис сигнализира дека нема намера да направи компромис за улогата на Европскиот суд, додека истовремено Ги Верхофстат, главниот преговарач од името на Европскиот парламент, инсистираше предметниот суд да ја извршува својата "целосна улога".
Европскиот суд изби како централна пречка за постигнување на договор за правата на граѓаните од ЕУ во Велика Британија. Минатата недела извори од ЕУ го опишаа конфликтот во однос на судот како "фундаментално прашање, фундаментална разлика помеѓу двете земји".
Сепак Дејвис изјави дека британската влада има намера да поднесе закон за определување на правата на европските граѓани. Предметното законодавство ќе биде применето од британските судови.