29 Март, 2024
0.0274

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ДИЛЕРИТЕ: Паѓа интересот за автомобилските кредити

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Бројот на автомобилски кредити е намален за 9,4 отсто на годишно ниво, покажуваат последните податоци на Народната банка на Република Македонија. Извештајот на централната банка за август носи лоши вести за авто- дилерите и ги потврдува нивните кажувања додека интересот за кредит за ново возило е во постојано паѓање. Од друга страна, не стивнува побарувачката за потрошувачки и станбени кредити. Годишниот раст кај потрошувачките кредити изнесува 12,2 отсто, а кај станбените 14,2 отсто.

Според НБРМ, вкупните кредити во август бележат минимално месечно зголемување од 0,2 отсто, при што кредитниот раст кај домаќинствата го надминува намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. Кај домаќинствата има зголемување од 0,2 отсто, а кај корпоративниот сектор има намалување од 0,2 проценти.

Годишниот кредитен раст кој изнесува 5,1 отсто во најголем дел, односно 89 отсто произлегува од растот на кредитите одобрени кај домаќинствата. Кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран годишен раст од 10 отсто.

Кредитите на корпоративниот сектор, како и минатиот месец бележат надолна месечна промена од 0,2 проценти, главно детерминирано од денарската компонента. На годишна основа, пак, состојбата на кредитите одобрени на претпријатијата е зголемена за еден отсто при раст на денарското кредитирање, наспроти годишниот пад кај девизното кредитирање.

Во текот на август кај кредитите одобрени на картички забележале месечен раст од 0,4 отсто, додека на годишно ниво има намалување од 0,7 проценти. Кај негативните салда на тековните сметки овој месец е регистриран месечен раст од 1,3, а годишен од 2,9 отсто, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалуваање од 0,4 отсто при годишен раст од 1,7 проценти.

Депозитите на домаќинствата, во август регистрираат месечен раст од 0,6 отсто, што во најголем дел е предизвикан од растот на депозитите во странска валута. На годишна основа, депозитите на домаќинствата бележат зголемување од 5,7 отсто при раст и на денарските и на девизните депозити со позначителен придонес на депозитите примени во денари имаат придонес кон растот од 58,1 отсто.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат