23 Април, 2024
0.0246

Лозарите да здивнат - продолжува откупот на грозје

Објавено во: Агробизнис 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

По мала пауза, продолжува откупот на грозје. 

По привремениот прекин со откуп поради пренатрупаност со грозје и неопходност од време тоа да биде преработено, винарската визба „Повардарие” од Неготино продолжува со откупување и преработка на грозје од годинешнава гроздоберска реколта, пишува МИА. 

„Од објективни причини моравме да направиме мал прекин во откупот бидејќи пред винаријата се создаде голема колона трактори кои донесоа грозје. Нашиот капацитет е ограничен во поглед на преработката на грозје и затоа решивме првин да го преработиме грозјето што веќе беше обрано, па потоа да продолжиме со откупот. Како што ветивме, по времениот прекин, додека  паѓаше и дожд и бербата беше и природно стопирана, повторно откупуваме грозје“ - велат од винарницата.

Додаваат дека откупот е со претходна најава за да не се создаваат гужви, а ќе трае се додека има грозје.

На 10 месецот откупот беше запрен привремено. 

Прекинот на откупот се однесуваше на сите откупни пунктови.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари