20 Април, 2024
0.0279

Луксуз за бебиња, нов пазар во подем!

Објавено во: Стил 21 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Неодамна,  Џулија Рестоин Ротфелд, богатата ќерка на поранешниот уредник на француското модно списание Вог,  Карин Ротфелд, објави веб-сајт за мајки, наречен "Romy & The Bunnies", пишува „Businessweek“ . На веб-сајтот се објавуваат интервјуа со мајки од високото општество како на пример наследничката Фабиола Беракаса која раскажува како го поминува своето време во палатата во Хемптон каде се радува на "фантастичен базен" - и многу скапа бебешка облека. Меѓу „задолжителните" засилувања во гардероба на нејзиното дете се маичка без ракави на „LemLem“ за 70 долари и памучен џемпер на „Tane Organics“ кој се продава за 83 долари. Гвинет Палтроу исто така, има свој веб-сајт, наречен „Goop“ кој препорачува куќичка на „Ouef“ за 700 долари, а во бебешката секција на сајтот на „Gilt Groupe“ се нудат тениски чевли на „Bensimon“ за 52 долари. Дури и магазинот „People“ има сајт за бебиња каде се нудат дури и јакни на „Stella McCartney“,  за 200 долари. Пазарот за луксузни предмети за новороденчиња практично и не постоеше пред 90-тите години, тврди авторот на корисничкиот прирачник за бебешки производи „Baby Bargains“,  Ален Филдс. Во продавниците како „Buybuy Babe“ и „Babies "R" Us“, основани во 1996 година, се нудеа производи за различни цени, од најевтино до луксуз. Но таквиот маркетинг помогна да се одржува побарувачката на бебешки креватчиња од 500 долари и системи за набљудување од 200 долари. На сличен начин делува и воведувањето на електронска трговија, која овозможи повеќето скапи европски компании како италијанската марка „Peg Perego“ да го зголемат пазарниот удел со спортски детски колички за 800 долари. А кога количката „Bugaboo Frogs“ беше прикажана во "Сексот и градот" во август 2002 година, имаше позитивно влијание на целиот пазар на слични стоки. Пазарот на луксуз за доенчиња нагло се намали во 2008 година, посочува висок трговскиот аналитичар од  „IBISWorld“ кога продажбата на бебешка и детски облека се намалува  за 9,2% во текот на рецесијатата. Во последно време индустријата оживува и се очекува на крајот на 2014 година да има раст од 4,3% до 10,6 милијарди долари. Ова враќање делумно е одраз на подобрата состојба на економијата, но и на сé поголем број постари родители кои располагаат со поголеми приходи, велат експертите. Од 1990 година, бројот на првите бебиња родени од жени над 40-годишна возраст, се зголеми тројно. Овие родители трошат повеќе пари за бебињата а тоа за возврат ги крева цените. Важна улога играат и таблоидите. „US Weekly“ и „People“ имаат неделни секции посветени на славните личности и нивните наследници со слики на ѕвезди како Хилари Даф, која пазарува за бебето во „Splendid“. Овој пазар допрва ќе зајакнува, велат експертите.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган