19 Април, 2024
0.0249

Мадона и Бил Гејтс извисија, руски милијардер го купи островот на Оназис

Објавено во: Стил 10 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Атина Оназис постигна договор за продажба на островот Скорпиос на руски милијардер, пренесоа според грчките медиуми. Приватниот остров е купен од нејзиниот дедо, легендарниот бродски магнат Аристотел Оназис, во 60-тите години, но денес Атина е неговиот единствен сопственик. Договорот за зделката се подготвува од две големи правни фирми, едната со седиште во Женева, а другата во Атина. Според написите во грчките медиуми зделката за одтровот кој се наоѓа веднаш до Лефкада е готов, а додека вредноста на зделката останува непозната, според аналитичарите островот чини над 200 милиони долари. Скорпиос е познат главно како приватниот остров на милијардерот Аристотел Оназис. Тој го купува во 1962 година за 3 милиони грчки драхми. На истиот остров Оназис се ожени за поранешната прва дама на САД, Жаклина Кенеди на 20 октомври 1968 година, што му донесе на островот меѓународна слава. По смртта на Оназис островот станува во сопственост на неговата ќерка Кристина, а подоцна го наследува нејзината ќерка Атина Русе-Оназис. Во минатото многу познати личности покажаа интерес за купување на островот, а меѓу нив се и Мадона и Бил Гејтс.  

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре