20 Април, 2024
0.0261

МАДРИД НЕ ПОПУШТА: Пуџдемон ќе ги изгуби овластувањата и платата

Објавено во: Свет 23 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Каталонскиот претседател, Карлес Пуџдемон, ќе ги изгуби сите овластувања и ќе престане да добива плата кога Сенатот ќе го одобри членот 155 од шпанскиот Устав со кој се воведува директна контрола на централната влада над тој регион, вели потпретседателката на шпанската Влада, Сораја Саенс де Сантамарија.

Таа изјави дека Мадрид би можел привремено да постави претставник кој ќе управува со Каталонија откако Сенатот ќе ја одобри директната власт над таа покраина, објави Ројтерс.

Се очекува шпанскиот Сенат во петок да ги усвои мерките кои пред два дена ги предложи шпанската Влада за распуштање на каталонската Влада и распишување на вонредни избори во следните шест месеци.

Портпаролот на каталонското Министерство за надворешни работи, Раул Ромева, вели дека Европската Унија ќе го изгуби кредибилитетот ако дозволи Мадрид на Каталонија да и наметне директна власт. Тој рече дека само каталонскиот народ има право да ги менува регионалните институции.

„Како ЕУ може да живее со таква ситуација доколку се случи“- рече Ромева. 

Шпанската влада во саботата одлучи да започне процес за примена на членот 155 од Уставот, со кој на централната влада ќе и се пренесат овластувањата на каталонската администрација.

За тие мерки, со кои би се суспендирала регионалната Влада на Каталонија, во петок на 27. октомври ќе треба да се изјасни и Сенатот, во кој владејачката Народна партија на премиерот Маријано Рахој има мнозинство. Се очекува дека тој ќе ја добија поддршката од опозициските сенатори за мерките насочени за зачувување на единствена Шпанија.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан