25 Април, 2024
0.0270

Мајк Пенс: САД стојат до Европа и НАТО

Објавено во: Свет 19 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на САД Мајк Пенс испрати порака на поддршка за Европа од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, но не успеа целосно да ги смири сојузниците, загрижени од позицијата на новиот државен шеф кон Русија и Европската унија (ЕУ), пренесува Ројтерс.

Во првиот голема говор на Пенс на меѓународен настан, како дел од администрацијата на Трамп, потпретседателот изјави пред европските лидери и министри дека разговарал со американскиот прв човек, кој ветил „нескршлива“ посветеност кон НАТО.

„Денес во име на претседателот Трамп ви давам потврда: САД силно го поддржуваат НАТО и ќе бидеме непоколебливи во нашата посветеност кон оваа трансатлантска унија“, коментирал Пенс во рамките на Минхенската конференција за безбедност.

Иако полскиот министер за одбрана го поддржал Пенс , други, вклучувајќи го и францускиот министер за надворешни работи, останале скептични дека Трамп, поранешна риалити ѕвезда, ќе застане зад Европа.

Конфликтните коментари на Трамп за вредноста на Организацијата на Северноатлантскиот договор, скептицизмот кон договорот од 2015 година за ограничување на нуклеарните амбиции на Иран и навидум потценување кон иднината на Европската унија ја загрижија Европа.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро го изрази во Twitter своето разочарување дека говорот на Пенс „не содржел ни збoр за Европската унија“, иако потпретседателот ќе упати порака во Брисел во понеделникот.

Американскиот сенатор Крис Марфи, кој е демократ, изјави дека видел две конкурентски влади кои доаѓаат надвор од администрацијата на Трамп.

Пенс , министерот за одбрана Џим Матис и државниот секретар Рекс Тилерсон, упатија пораки за смирување, во рамките на првото возење до Европа како дел од администрацијата на САД.

САД се најголемиот трговски партнер на Европа, најголемиот странски инвеститор на континентот и партнер на ЕУ во речиси сите надворешни политики, како и главен поддржувач на европското единство во текот на 60 години.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница