25 Април, 2024
0.0264

Македонците ги зафати манија за кликање реклами – очекуваат брза заработка

Објавено во: Финансии 13 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Многу млади луѓе во последно време кликаат реклами на американски, португалски, шпански сајтови со надеж за брза и добра заработка.

Претежно се тоа невработени луѓе, кои дневно одвојуваат од 5 минути до неколку часови за кликање на реклами.  Раскажуваат дека треба да се вклучат  уште најмалку 8 други луѓе и мрежата на кликање реклами да се шири. Некои од нив тоа го прават со месеци, велат заработиле илјадници  долари, но парите не можат да ги повлечат или не знаат како.

„Кликам од летово по 30 реклами дневно. На некои сајтови рекламите излегуваат на секои 6 часа. Претходно кликав на сајт каде една реклама е половина денар и тоа е многу малку, а сега кликам на сајт каде се плаќа по 450 денари од реклама. Знам многу луѓе кои кликаат, но не познавам никој кој засега земал пари. Се зборува дека може парите да се префрлат на paypal и да се купува  онлајн.  Не познавам човек кој пазарува со тие пари, само сум слушнала дека така може парите да се искористат. На два сајта имам некаде 5.000 долари досега, но ми фали уште еден човек да логирам преку мене за да побарам исплата.  Дури и да се пазарува со тие пари, би порачала производи од интернет кои  би ги продала и пак мојата работа би ја претворила во пари“ – вели 34 годишната Сузана К. од Куманово.

Друг млад кумановец објаснува дека извесно време кликал реклами, но потоа сајтот го снемало. Вели требало да се кликаат 20 реклами за 5 дена во неделата, а секоја реклама траела 1 минута.

„Секоја реклама траеше по 1 минута и мораше да се чека. Со тоа на контото добиваш по 3 долари, а кога ќе направиш 300 можеш да побараш исплата.  Но, тоа не го дочекавме. Сајтот го снема, а и пред  да го снема имаше некои проблеми. Лошо е што требаше да се прикачи лична карта. Се лажеме за некој долар“ – додава нашиот соговорник.

Граѓанин на Свети Николе вели дека вклучил уште 29 луѓе, побарал исплата на заработените пари и уште чека дали ќе има некаков профит.

Ненад Ристовски од маркетинг агенцијата Публицис, вели дека веќе подолго време постојат вакви шеми.  Објаснува дека се користат софтвери или дедицирани веб страници од странство чија функција е постојано да сервираат реклами од различни платформи, а на корисникот му се нуди дел од заработката којашто ја плаќа огласувачот за секој клик на неговата реклама.Станува збор за многу мал приход од секоја кликната реклама, што најчесто се мери во центи, па затоа луѓето поминуваат часови и часови во кликање за да дојдат до заработка од неколку долари.

„Морам да потенцирам дека се работи за измама односно за нелегален начин на заработка.Оштетените во оваа ситуација се огласувачите, кои се цел на т.н “Ad fraud”. Тие во овој случај плаќаат за лажни кликови на нивните реклами. Се смета дека во светски рамки околу 7 - 8 милијарди долари годишно огласувачите губат преку ваков тип на измами.Сепак контролата во изминатите години е сериозно зголемена и порелевантните огласувачките платформи ги суспендираат овие активности. Огласувачите сега имаат начини и алатки за да се осигураат дека нивната реклама ќе се пласира на вистинската публика, во вистинско време и на вистинско место, така што овие лажни кликови се повеќе ќе бидат санкционирани.Луѓето кои се обидуваат да заработат на овој начин со кликање на реклами може во секој момент да бидат пенализирани и да им биде замрзната заработувачката. Платформите доколку забележат поголем број на кликови од иста IP адреса, истиот акаунт веднаш ќе го суспендираат и понатаму нема да има можност за заработка.  Дополнително, корисниците си ги изложуваат своите уреди на можни вируси и други малициозни софтвери кои можат да им направат штета поголема од евентуалната заработувачка“ – објаснува Ристовски.

Според  неговите  информации, корисниците кои што средствата  ги заработиле на овој начин, ги примаат на странски картички или платформи, а потоа ги користат најчесто за онлајн купување во странство, со што ја избегнуваат обврската за плаќање на персонален данок на доход во земјава.

Затоа оваа активност е нелегална од повеќе аспекти, а приносите кои истата може да ги понуди се многу мали во однос на ризикот кој се превзема.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка